Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, составил список од шест играчи од средниот ред како можни засилувања, наведува „Мирор“.
Карлос Балеба и Конор Галагер од средниот ред на Брајтон и на Атлетико Мадрид пред неколку месеци беа на нишанот на 20-кратните шампиони.
Со нив се вметнати и Адам Вортон од Кристал Палас и Елиот Андерсон од Нотингем Форест. Во комбинација се и играчот од средниот ред на Штутгарт, Анџело Стилер заедно со Андре Сантос од Челзи.

