Тренерот на Барселона, Ханси Флик, е суспендиран и нема да го води тимот од клупата во утрешното дерби против Реал Мадрид. Неговото место ќе го заземе помошникот, Маркус Зорг.
„Многу сум горд што ќе го водам тимот од клупата. Важно е да се контролира поседувањето на топката и да се стави противникот под притисок. Знаеме што треба да направиме“ – рече Зорг.
„Рафиња нема да игра. Ќе се обидеме да го ставиме Феран во игра но, ќе одлучиме утре. Жил тренираше иако мора да почекаме. Составот за утре сè уште не е финализиран.“ – рече Зорг.

