Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Томас Франк, сака да види поголем интензитет кај плејмејкерот Чави Симонс, кој во текот на летото беше купен од Лајпциг за 60 милиони евра.
„Чави е со нас седум или осум недели, што не е многу време во фудбалот, но е исто така долго време. Нашето барање од него е да додаде поголем интензитет во неговата игра. Јас му верувам поради неговата прецизност и неговата визија за играта“, рече Франк.
Холанѓанецот досега нема постигнато гол и има само една асистенција од почетокот на сезоната

