Капитенот на фудбалскиот состав Ливерпул, Енди Робертсон, призна дека тимот е далеку од најдобратa форма откако вчера загуби од Брентфорд во Премиер лигата на Англија. Тоа е четвртиот пораз во сезонава.
„Мораме да работиме напорно, толку е едноставно! На тренинзите, на натпреварите. Кога сте во овој фудбалски клуб, луѓето бараат резултати“ – изјави Робертсон.
„Кога доаѓаат тешки времиња, едноставно мора да се вложиме повеќе и да трчаме повеќе. Резултатите не беа добри во последните пет, шест натпревар“ – рече шкотскиот репрезентативец.

