Тренерот, Кристијан Киву, верува дека Интер загуби на гостувањето кај Наполи затоа што неговите играчи потрошија премногу енергија во расправија со противничката клупа.
„Би сакал да зборувам за добрите работи што ги направија играчите во првото полувреме. После тоа се обидовме да останеме во играта, да ја одржиме рамнотежата, но погодивме две стативи“ – рече Киву.
„Требаше подобро да ги разбереме моментите во играта. Ќе им кажам на играчите во иднина да не ја трошат енергијата само на расправии. “ – беа зборовите на Киву.

