Фудбалерите на Баерн Минхен ја забележаа 13-та победа во серија откако ја совладаа Борусија Менхенгладбах со 3-0 на гостински терен во рамките на Бундес-лигата. Тренерот на Баварците, Винсент Компани, се осврна на одличната серија.
„Не можеме да запреме – мора да продолжиме. Во среда имаме куп натпревар и тоа ќе биде сосема поинаква приказна“ – рече Компани.
„Тимот е во добра серија но, најважно е да не бидеме арогантни. Мора да останеме мирни, да работиме напорно и да се претставиме добро во наредниот натпревар“ – рече Компани.

