Тренерот на Јувентус, Игор Тудор се огласи по трите последователни порази на Јувентус во кој неговиот тим не успеа да постигне ниту еден гол. Синоќа тимот од Торино загуби од Лацио (0:1) во Серија А, а серијата без гол за Јуве достигна 4 натпревари.
„Севкупно, тимот играше добро од самиот почеток, освен грешката на Дејвид и тој гол. Во тешка, тешка ситуација сме; треба да останеме обединети и да работиме заедно. Има разочарување бидејќи мислам дека добро се подготвивме, но секогаш се чини дека нешто ни недостасува. Стигнуваме до шеснаесетникот, но не можеме да постигнеме гол. Исто така, постојано си велиме да не правиме грешки, но грешките секогаш се случуваат и ние губиме. Тоа е ужасно чувство, но треба да се држиме заедно“, рече тренерот на Јувентус.

