ФК Аеродром реагираше со соопштение по вчерашниот немил настан кога тројца играчи на скопкиот тим беа физички нападнати на стадионот во Слупчане на третолигашкиот меч против Беса.
– По укажаната медицинска помош двајца фудбалери се пуштени на домашно лекување а голманот е уште во болница. ФК Аеродром најостро го осудува чинот на насилство и апелира до ФФМ, надлежните дисциплински органи и Министерството за внатрешни работида ги преземат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот и санкционирање на сторителите“ – стои во дел од објавата.
-Фудбалот мора да остане симбол на спортски дух, фер-плеј и почит а не поле на агресија и опасност за здравјето на спортистите. ФК Аеродром ќе продолжи да се бори чесно на теренот“ – се наведува во соопштението.

