Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали настапот на тимот во првото полувреме на вчерашниот натпреварот против Бетис (2:0), но призна дека по паузата ситуацијата на теренот беше поинаква.
„Одигравме многу добро. Првото полувреме беше одлично и водевме со 2:0. Можевме да постигнеме повеќе голови“, коментираше Симеоне.
„Во второто полувреме Бетис го промени својот пристап и создаде ситуации пред нашиот гол, но, успеавме да се одбраниме“ – рече Симеоне.

