Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА.
Телото работи под покровителство на Советот на ФИФА и има задача да го унапредува и координира развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и да соработува со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со фудбалот на Олимпијадата. Со Комитетот претседава Самир Шауд (Бразил), додека Мустафа Раџи (Либерија) е заменик-претседател.
Генералниот секретар пак, на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски, е именуван за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.

