Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Иван Јуриќ, по вчерашното реми со Милан во меч од 9 коло во Серија „А“, вели дека неговите избраници не искористиле повеќе шанси.
„Мислам дека Аталанта имаше три пати поголем интензитет од Милан. Ние доминиравме цело време, само еден тим се обидуваше да го добие натпреварот“- рече Јуриќ.
„Мислам дека одигравме добро и направивме шанси. Навистина е разочарувачки што не освојуваме повеќе бодови“ – потенцираше тренерот на екипата од Бергамо.

