Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, си постави цел која во моментов се смета за тешко остварлива – да стане шампион на Англија. Тој исто така рече дека не го интересира дали неговиот тим ќе заврши пред Ливерпул, туку само на првото место во Премиер лигата.
„Сакам само да победувам на секој натпревар и да завршам на врвот од Премиер лигата со Манчестер Јунајтед. Тоа е нашата голема цел и воопшто не ме интересира дали ќе завршиме пред Ливерпул“, категоричен беше Аморим.

