Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, би можел да се врати на теренот пред крајот на календарската година, објави Скај Спортс. Тој е надвор од терените од јули, кога заработи скршеница на ногата за време на Светското клупско првенство во САД.
Мусијала веќе ги продолжи тренинзите и Баварците очекуваат негово враќање наскоро.
„Веруваме дека може да се врати во првиот тим некаде во декември. Нашите очекувања се дека ќе запише неколку минути во последните натпревари од годината и ќе биде 100 проценти подготвен во јануари“, изјави Макс Еберл за Скај.

