Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, верува дека Ерлинг Халанд веќе го достигна нивото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Норвежанецот постигна два гола во победата од 3:1 над Борнмут во неделата.
„Секако дека игравме навистина добро. И повторно, Ерлинг беше одлучувачки.
„Дали го достигнал нивото на Меси и Роналдо? Ги гледате ли бројките на овој човек? Да, секако дека е на нивно ниво во однос на головите што ги постигнуваат Кристијано и Меси. Разликата со Кристијано и Меси е што тие го прават тоа веќе 15 години. Гледате дека Меси сè уште постигнува два или три гола по натпревар во МЛС. Истото е и со Кристијано во Саудиска Арабија. Но, тој е на тоа ниво и без него ќе ни беше тешко“, додаде Пеп Гвардиола.

