Легендата на Јувентус, Џиџи Буфон, во интервју беше прашан за тренерската промена во редовите на „Старата Дама“ и отказот за Игор Тудор.
„Ми се чини дека имало некаков проблем со емпатијата со менаџментот. Читајќи ги весниците, се чини дека тоа е јасно. Само оние внатре ја знаат вистината. Гледајќи ги последните две или три интервјуа што ги даде… мислам на она по Комо. Новинар кој го слуша ова не може да постави следно прашање за тоа, но очигледно не го сфатиле. Изборот на Лучијано Спалети може да им гарантира на навивачите на Јувентус серија резултати што ги чекаат и навивачите и клубот. Криво ми е само едно нешто: би сакал да видам некој како него од почетокот на сезоната, со негова подготовка, избор на некои играчи“, вели Буфон.

