Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Луис Енрике. „Им подаривме два гола“
    Фудбал

    Луис Енрике. „Им подаривме два гола“

    risteBy riste05/11/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го критикуваше својот тим за тоа што „подарува“ голови на Баерн Минхен и призна дека поразот во Лигата на шампионите можеше да биде многу полош.

    Тоа беше прв пораз на бранителот на титулата во натпреварувањето по четири натпревари и само втор пораз во сезоната. Баерн ја забележа својата 16-та последователна победа во сите натпреварувања.

    Првиот гол на Баерн дојде по четири минути, а вториот во 32-та минута, двата од Колумбиецот Луис Диаз пред да биде исклучен на крајот од првото полувреме поради сериозен фаул врз Ашраф Хакими.

    „Секако дека беа подобри од нас во првото полувреме. Тие создадоа повеќе шанси и им дадовме неколку одлични подароци во првото полувреме“, рече Луис Енрике. „Кога им давате вакви подароци на играчи како него, тие ќе постигнат гол. Не се извинувам, наша одговорност е да се подобриме“ рече Енрике.

    Тој не можеше да објасни зошто неговиот тим играше толку лошо, особено во првото полувреме. „Немам објаснување, едноставно се случи. Дадовме неколку подароци. Тие постигнаа два гола, но можеа да постигнат четири. Разочаран сум што го гледам тоа бидејќи очекував да видам подобро ниво од нас. Кога повредените играчи се враќаат, тие не се 100 проценти подготвени и не може д аго дадат својот максимум“, заврши Енрике.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.