Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, ги пофали фудбалерите по победата од 1-0 против Реал Мадрид во четвртата рунда во Лигата на шампионите.
„Одлично е да се игра пред нашите навивачи и тоа против Реал. Одлична изведба против тим кој загуби само еднаш во сезонава. Имавме шанси да постигнеме уште неколку голови“ – рече Слот.
„Мораше или да притискаме високо или да одиме длабоко без да им оставиме слободен простор на напаѓачите на Реал“ – рече тренерот на „црвените“.

