Фудбалерот на Мначестер Сити и Хрватска, Јошко Гвардиол зборуваше за голманот на неговата екипа Џанлуиџи Донарума и неговата брза адаптација во Манчестер Сити.
„Манчестер Сити отсекогаш имал многу добри голмани, а Донарума е еден од нив. Тој се адаптираше многу брзо и мислам дека тоа е исклучително важно. Се сеќавам кога пристигнав во Манчестер Сити и колку време ми требаше да се адаптирам на лигата, на натпреварувањето. Сите сме среќни што тој се приклучи на нашиот тим и дека добро се снаоѓа. Не е само тој, туку сите. Мислам дека можеме да постигнеме уште повеќе. Гледам дека се бориме еден за друг, работиме еден за друг, комуницираме уште повеќе од порано, и тоа е одлично. Освен тоа, многу е полесно кога имате голман како Џиџи. Тој е многу добар со топката, особено имајќи ја предвид неговата висина. Не се плаши да излезе од голот. Мислам дека е важен за нас“, рече дефанзивецот на Манчестер Сити.

