Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, зборуваше за својата улога во тимот и потенцијалните рекорди пред натпреварот против Ливерпул од 11-то коло во англиската Премиер лига.
„Зошто да размислувам за потенцијални рекорди? Треба да се фокусирам на тоа да му помогнам на тимот да освои три бода, тоа е она што треба да го направам. Се обидувам да постигнам голови како напаѓач, се обидувам да му помогнам на тимот да освои три бода и да освои трофеи на различни начини, тоа е мојата главна цел. После тоа, ако успеам да поставам рекорди, тоа би било одлично. Но, не мислам дека треба премногу да размислувам за тоа, бидејќи тоа сигурно нема да доведе до ништо добро“, рече Халанд, во изјава за „Скај Спортс“.
Оваа сезона, норвешкиот напаѓач одигра 14 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и запишувајќи една асистенција.

