Тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше задоволен од победата од 2-0 над Лацио. Тој ги пофали своите играчи за нивниот настап и за нивната желба да доминираат а посебно Лаутаро Мартинез.
„Тој работи исклучително напорно. Мислам дека секогаш треба да се чувствува мирен. Дефинитивно го инспирира тимот и дава пример на другите“ – рече Киву.
„Не е лесно да се одржи ритамот кога играш на секои три дена. Во ротациите секој што влезе играше на ниво и тоа ни овозможува да одмориме дел од фудбалерите“ – рече Киву.

