Роб Едвардс ќе биде именуван за менаџер на англискиот фудбалски клуб Вулверхемптон кој се наоѓа на последното место во Премиер лигата.
Тој ќе дојде од редовите на второлигашот Мидлсбро а популарните „волци“ за неговиот ангажман, ќе треба да издвојат на име на обештетување околу 3 милиони фунти.
Тренерот од Велс веројатно ќе добие договор до 2029 година, велат медиумите во Англија.

