Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, потенцира дека актуелниот шампион Ливерпул е во голема криза откако го претрпе и петтиот пораз во Премиер-лигата и заостанува големи 8 бодови зад лидерот, Арсенал.
„Ливерпул сега не е кандидат за титулата. Тие се во голем хаос во одбраната. Кризата е тука“ – рече Кин по вчерашниот пораз на „црвените“ од Манчестер Сити.
„Ливерпул денеска изгледаше како многу слаб тим иако има квалитет. Со головите што ги примија и лошите одлуки, изгледаа навистина бавно и без организација“ – рече Кин.

