Дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, проговори за својата иднина. Неговиот договор со Баварците истекува на крајот од сезоната, а двете страни се во преговори за негово продолжување. Исто така, постои интерес за дефанзивецот и од други клубови.
„Се надевам дека мојата иднина ќе биде јасна пред Светското првенство. Мојот менаџер се занимава со тоа. Ќе ја донесеме вистинската одлука. Имам добар советник. Фокусиран сум на оваа сезона и на моите цели со клубот и репрезентацијата. Не размислувам за мојата иднина“, изјави Упамекано за „Л’Екип“.
„Секогаш велев дека се чувствувам удобно во Баерн. Имам одличен тренер. Се сложувам добро со моите соиграчи,имам договор со Баерн. Имам цели. Многу сум благодарен ако има клубови заинтересирани за мене“, заврши Упамекано.

