Македонскиот олимписки комитет (МОК) потпиша Меморандумза соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) и Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), поставувајќи нови основи за поврзување на спортот, дигиталната економија и родовата еднаквост во нашето општество. Меморандумот беше потпишан од страна на Нина Ангеловска Станков, Претседателка на АЕТМи на Алијансата за родова еднаквост и Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот олимписки комитет.
„Со оваа иницијатива сакаме да покажеме дека спортот не е изолирана област. Тој може и треба да биде дел од дигиталната економија, да користи иновации и да промовира еднакви можности за сите“ истакна Димевски.
„ Денес, без дигитализација и без разбирање на можностите што ги носат технологијата и вештачката интелигенција, нема вистински напредок, без разлика во која индустрија работиме. Со оваа соработка верувам дека ќе покажеме дека со дигитални алатки спортските организации можат да станат поиновативни и поодржливи.“ изјави Ангеловска Станков.

