Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, утре очекува победа против Летонија како загревање за квалификацискиот меч со Велшаните во последната рунда од квалификациите за Светското во 2026 година.
„За нас нема пријателски натпревари или официјални. Секој меч ни е приоритет. Среќни сме што играме за Македонија на ова ниво и се надевам дека ќе прикажеме на терен што имаме„ – рече Чурлинов.
„За мене е важно на мечот да се влезе како што треба, да одиграме добро, за да имаме убаво чувство за понатаму“ – потенцираше Чурлинов на денешната средба со новинарите.

