Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево со почеток од 17:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, ќе го одигра петтиот натпревар во овој циклус квалификации за Европското првенство.
Противник е селекцијата на Шведска, која исто како и нашиот национален тим има забележано само една победа.
Избраниците на селекторот Горан Станиќ се подготвуваа во Охрид и од таму најавија далеку подобар пристап на денешниот дуел. Младите надежи се надеваат на многу подобар настап од последните неколку средби и атак на втор триумф.

