Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го врати играчот кој потекнува од нивната академијата, а моментално е играч на Наполи, Скот Мектоминеј, објавија неколку медиуми на Островот.
Според изворот, клубот од Наполи не одредил цена за 28-годишниот фудбалер, но тимот што го бара ќе мора да плати најмалку 50 милиони евра. Њукасл и Тотенхем исто така покажуваат интерес за Мектоминеј.
Се нагласува дека, најверојатно, шкотскиот играч од средниот ред нема да инсистира да го напушти Наполи, во кој се пресели од Манчестер Јунајтед во летото 2024 година.
Мектоминеј одигра 255 натпревари за сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи 29 гола и осум асистенции.

