Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија одигра без голови против Летонија, но мислеше повеќе на Велс
    Фудбал

    Македонија одигра без голови против Летонија, но мислеше повеќе на Велс

    sasoBy saso13/11/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија го одигра контролниот натпревар против Летонија, а дуелот во Скопје на Арената „Тодор Проески“ заврши со резултат 0:0.

    Овој тест-натпревар беше увертира за мечот против Велс во Кардиф, кој ќе одлучи кој ќе биде второпласиран во групата од квалификациите за СП 2026, позиција која носи и повеќе поволна позиција во баражот за настап на СП во САД, Канада и Мексико.

    Селекторот Милевски дуелот го почна со мешан состав. Немаше неколку носители во играта во првиот тим, на нивно место играа Ашковски, Стојчевски, Растодер, Ристовски и други. Дуелот почна со многу жестоки дуели, без многу шанси и конкретни закани.

    Се чекаше на првиот обид до 24. минута, кога Гутковскис се закани, но само над голот. Само три минути подоцна, во 27. минута, одлична шанса за гол имаше Тихомир Костадинов кој биеше со глава, но голманот Матревиц одбрани. Пред финишот на првиот дел одлична шанса имаше и Никола Серафимов кој биеше со глава, а голманот Матревиц беше на висината на задачата. Во вториот дел Милевски направи измени, во игра ги внесе Ќамили, Трајковски, Миовски, Елмас и Рамадани. На првата шанса се чекаше до 58. минута кога Растодер имаше добар шут откосо, но голманот на Летонија одбрани.

    Во продолжението од мечот, Македонија беше поактивна, имаше неколку полушанси за гол, но немаше добра завршница. Ова е првпат Летонија да остане непоразена против Македонија, откако нашиот национален тим претходно забележа пет победи на пет меча на дуелите меѓу овие две селекции.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.