Поранешниот фудбалски репрезентативец на Република Ирска, Тони Каскарино, го критикуваше односот на Кристијано Роналдо која беше исклучен на последниот квалификациски меч на Португалија.
„Има нешто вознемирувачко кај Роналдо, како сè да се врти околу него. Тој не изгледа како тимски играч. Чарлтон, Мур, Федерер и Мекилрој не се однесуваа како Кристијано.“ – рече Каскарино.
„ Ако ги погледнете неговите достигнувања во фудбалот, тие се навистина извонредни. Но, постои и друга негова страна која понекогаш не заслужува почит“ – рече Каскарино.

