Карлос Алкараз откако го обезбеди првото место на АТП листата за 2025 година, рече дека ќе продолжи да се радува на титулите.
„Да се биде број 1 во светот е нешто за кое работам многу напорно со мојот тим секој ден но, тоа е пат по кој не одиш сам. Одиш со целиот твој тим“ – рече најдобриот тенисер на светов.
„Тоа ми значи сè и едноставно сум многу среќен. Секогаш го имам семејството што ми дава поддршка“ – потенцираше 22-годишниот Шпанец.

