Селекторот, Луис де ла Фуенте, изјави дека шпанската репрезентација мора да го задржи својот фокус и покрај тоа што е на добар пат да се квалификува за Светското првенство во 2026 година.
„Фуријата вчера ја совлада Грузија а во последното коло ќе биде домаќин на Турција. Матекатика во пресрет на дербито е на страна на Шпанците бидејќи противникот има далеку послаба гол-разлика.
„Од почит кон нашиот противник – а имаме големо почитување кон сите тимови, вклучително и Турција – мора да ги држиме главите горе и да го задржиме фокусот“ – рече Фуенте.

