Напаѓачот на Баерн Минхен и Англија, Хари Кејн, стана најдобар стрелец во квалификациите за Светското првенство и Европското првенство.
Од 2019 година, напаѓачот постигна 40 гола во квалификациските натпревари за големите турнири, најмалку осум повеќе од кој било друг европски репрезентативец. Португалскиот напаѓач, Кристијано Роналдо, има 32 гола.
Англија освои 24 бода во Групата К, победувајќи во осум од осумте квалификациски натпревари за Светското првенство во 2026 година. Англија обезбеди директен пласман на СП 2026 година, каде Аргентина како е актуелен светски шампион ќе ја брани титулата.

