Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, на денешната средба со новинарите, нагласи, дека Велс игра агресивно со пресинг но, неговите избраници се подготвени да одговорат на предизвикот.
„Кога се игра за Македонија јасно е дека мотивацијата е на највисоко ниво а посебно сега во ситуација кога се бориме за една подобра позиција пред плеј-офот за пласман на Светско првенство. Тоа носи силен мотив за надигрување и успех“ – рече Милевски пред утрешниот меч во Кардиф последен во квалификациите за Мундијалот.
„Не очекувам многу разлика во однос на претходниот натпревар во Скопје затоа што Велс ќе игра слично. Сите овие момци секогаш се во функција на тимот. Горд сум на нив за се што направија досега“ – рече Милевски.

