Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Енис Барди, пред утрешниот меч со Велс кој ќе решава за второто место во групата и условно кажано полесен противник во баражот на Мундијалот, вели дека сите се подготвени за успех.
„Многу добро знаеме колку ни значи овој натпревар, цела македонска јавност, но пред се ние фудбалерите. Секој од нас кога игра во репрезентативнот дрес давал максимум, но посебно утре секој треба да дадеме до последен атом од нашите сили“- вели Барди.
„Сакаме да уживаме во натпреварот. Тоа за мене значи да трчаш, да се надигруваш, да бидеш подобар. Се надевам дека утре сите ќе се радуваме“ – нагласи Барди.

