Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Одговорноста е моја, ме боли повеќе начинот на кој загубивме“
    Фудбал

    Милевски: „Одговорноста е моја, ме боли повеќе начинот на кој загубивме“

    risteBy riste19/11/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Очекувањата беа големи од мечот во Кардиф, но она што се случуваше на теренот сосема друго. По поразот на Македонија од Велс (7:1), тешко беше да се најдат зборови за да се опише играта на нашата репрезентација, а на прес-конференцијата селекторот Благоја Милевски веднаш ја презеде одговорноста.

    „По ваков натпревар и ваков резултат сакам да им честитам на Велшаните.
    Не успеавме да му одговориме на противникот на квалитетот и мотивацијата.

    Одговорноста е моја. Секогаш било така и ќе биде и во иднина. Јас стојам зад тимот, но начинот на кој загубивме со 7:1 повеќе ме боли од убедливиот пораз. Дај Боже ваков пораз да доживуваме на секои две години по петнаесет позитивни резултат. Не одговоривме адекватно на тркот и на индивидуалниот квалитет на противникот и епилогот е неминовен. Кога не можеме да бидеме на тоа ниво нема за што да жалиме. Бевме далеку од нивото на претходните натпревари. Не се доведува во прашање филозофијата на играта. Таа беше иста како и на претходните четиринаесет натпревари. 

    Честитки и за моите фудбалери, кои се надевам дека прво ќе бидат поконкурентни во своите клубови, а потоа и во дресот со државниот грб. Овие играчи ни ги донесоа успесите и рекордите во овие две години. Изборивме плеј-оф вторпат по ред, не се проблем играчите. Ова беше само еден лош натпревар“ рече Милевски.

    Македонската фудбалска експедиција денес се враќа за Скопје, фудбалерите ќе заминат во своите клубови, а селекторот ќе патува во Цирих, каде утре (четврток) ќе го дознаеме противникот во баражот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.