Централниот дефанзивец на Арсенал и Бразил, Габриел, би можел да отсуствува два месеци откако се повреди додека играше за репрезентацијата на пријателскиот натпревар против Сенегал што заврши 2:0.
„Топџиите“ се загрижени за степенот на повредата на Бразилецот и ќе спроведат дополнителни тестови, објави „Атлетик“.
За потсетување, дефанзивецот го напушти теренот во 64-тата минута од натпреварот против африканската репрезентација поради повреда на аддукторниот мускул.
Габриел настапи на 17 натпревари за Арсенал оваа сезона, постигна два гола и имаше три асистенции. Според оваа информација тој ќе ги пропушти дерби натпреварите со Тотенхем и Челзи.

