Денес во Цирих се одржа ждрепката за плејофот за квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето на баражите ја доби селекцијата на Данска.
Полуфиналето ќе го играме на гостински терен на 26 март, но и доколку направиме изненадување, во финалето на баражот (31 март) ќе бидеме гости и тоа против победникот од дуелот меѓу Чешка и Р. Ирска.
Во останатите бараж дуели ќе се сретнат:
Патека А
Полуфинале
Италија – Северна Ирска
Велс – Босна и Херцеговина
Патека Б
Полуфинале
Украина – Шведска
Полска – Албанија
Патека Ц
Полуфинале
Турција – Романија
Словачка – Косово
Патека Д
Полуфинале
Данска – Северна Македонија
Чешка Република – Ирска

