Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, кој го следеше извлекувањето во Цирих, вели дека во оваа фаза нема лесни противници.
„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“, изјави Милевски, кој се уште чека ФФМ да донесе одлука околу неговиот натамошен ангажман на селекторското место.

