Голманот на Хофенхајм, Оливер Бауман, ќе го има својот 500-ти настап во Бундеслигата кога ќе гостува кај во Мајнц во петок.
Ова доаѓа откако тој се етаблираше како прв избор на голман во Германија за прв пат по пензионирањето на Мануел Нојер од репрезентативниот фудбал и повредата на Марк-Андре тер Штеген. Тој се надева дека ќе го задржи своето место за Светското првенство следниот јуни.
35-годишникот ќе стане само петтиот голман кој стигнал до оваа бројка во Бундеслигата и 14-тиот играч од 1963 година.
„Полека почнувам да верувам во тоа, но се чувствува одлично што веќе стигнав до тука“, изјави Бауман за списанието „Кикер“.
Рекордерот е Карл-Хајнц Корбел од Ајнтрахт Франкфурт со 602 настапи.
„Ќе видиме. Сè уште е далеку“, додаде Бауман, кој играше и во германската прва лига за Фрајбург од 2010 до 2014 година.
„Но, да се достигне границата од 500 натпревари е одлично, тоа многу ми значи. За жал, сè уште не сум освоил титула, па индивидуалните награди се уште позначајни“ рече Бауман.
Тој пропушти само 22 натпревари од 2010 година.
Нојер од Баерн Минхен има одиграно 532 натпревари во Бундеслигата и е единствениот активен играч во Германија пред Бауман.

