ФИФА го потврди распоредот за интерконтиненталните плеј-оф натпревари за Светското првенство во март, при што Ирак, Боливија и Суринам ќе играат во Монтереј, а Демократска Република Конго, Нова Каледонија и Јамајка во Гвадалахара, објави Ројтерс.
Стадионот во Гвадалахара ќе биде домаќин на мечот Нова Каледонија – Јамајка во полуфиналето, а победникот ќе игра потоа со ДР Конго. Стадионот во Монтереј ќе биде домаќин на полуфиналето меѓу Боливија и Суринам, а Ирак ќе го чека победникот од тој натпревар на истиот стадион. И двете полуфиналиња ќе се играат на 26 март, а двете финалиња се закажани за 31 март.

