Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, кој беше исклучен во 62-та минута на гостувањето кај Кремонезе, вели дека не можел да ги контролира емоциите.
„Бев лут за многу работи пред паузата а во второто полувреме не кажав ништо за фаулот врз Џанлука Манчини. Не реков ни збор“ – рече Гасперини.
„Четвртиот судија можеше да ме казни за моите протести во ситуацијата со поништениот пенал но, не и во второто полувреме“ – рече тренерот на „волчицата“.

