Шведскиот напаѓач на Ливерпул, Александар Исак, стана првиот играч на Ливерпул во историјата на англиската Премиер лига (од 1992 година) кој ги загубил сите четири натпревари во кои бил стартер. Напаѓачот започна против Кристал Палас, Челзи, Манчестер Јунајтед и Нотингем Форест.
Исак се приклучи на клубот од „Енфилд“ во летниот преоден рок во 2025 година. Ливерпул го купи напаѓачот од Њукасл за наводно 130 милиони евра.
Во девет настапи за „Црвените“ во сите натпреварувања, шведскиот напаѓач постигна само еден гол. Во Премиер лигата, Исак има пет настапи и една асистенција. Актуелниот договор на Александар Исак со Ливерпул е до крајот на јуни 2031 година.

