Историското Дерби дела Мадонина, меѓу Интер и Милан одиграно во неделата постави нов финансиски рекорд во италијанскиот фудбал.
Натпреварот на стадионот –„Сан Сиро“ привлече 75.562 гледачи, генерирајќи вкупен приход од 8.649.494 евра! Ова го надмина претходниот рекорд од 7.626.430 евра, исто така поставен за време на натпреварот меѓу Милан и Интер во изминатата година.
Новите приходи го рангираат миланското дерби на седмото место меѓу најпрофитабилните натпревари некогаш одиграни на Апенините.

