Барселона денеска ќе гостува кај Челзи во меч од Лигата на фудбалските шампиони а тренерот на Каталонците, Ханси Флик, рече дека неговиот тим може да се адаптира на секој противник.
„Знаеме како сакаме да играме и исто така знаеме што треба да направиме. Пристапот е секогаш различен во зависност од противникот. Челзи е еден од најдобрите тимови во светот“ – рече Флик.
„Тие се млад тим со исклучителни играчи. Ова е Лига на шампиони, не е лесно“ – нагласи тренерот на шпанскиот состав.

