Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, верува дека неговиот тим е во неповолна положба пред денешното гостување кај Бодо во Лигата на фудбалските шампиони алудирајќи на минусните температури и вештачкиот терен на стадионот Аспмира во Норвешка.
„Тие се многу добри фудбалери, не станува збор само за теренот и студот. Бодо има многу квалитет и се претстави добро на меѓународните турнири.“ – рече Спалети.
„Играчите не беа толку лоши против Фиорентина. Јас бев првиот што призна дека мораше да направиме повеќе“ – рече Спалети.

