Ливерпул ќе биде без услугите на своите двајца дефанзивци, Конор Бредли и Џереми Фримпонг, во следните неколку натпревари. Се очекува тие да се вратат на теренот за две до три недели.
Сепак, вестите се попозитивни за Флоријан Вирц. Младиот играч од средниот ред го пропушти натпреварот против Нотингем Форест поради повреда на мускулот, но менаџерот Арне Слот увери дека ќе биде достапен.
„Неговата повреда не е сериозна и треба да игра оваа недела. Но, ќе видиме како ќе се развиваат првите неколку дена од неделата за него“, рече Слот.
Претстојната недела е напорна за Ливерпул, кој во среда го пречекуваат ПСВ во Лигата на шампионите, а во недела гостуваат кај Вест Хем во Лондон во Премиер лигата.

