Кристијано Роналдо доби суспензија од само еден меч од Дисциплинската комисија на ФИФА по црвениот картон кој го дони на мечот со Р. Ирска во квалификациите за Мундијалот 2026. Тоа значи дека тој веќе ја отслужи казната во квалификациската фаза за Светското првенство во 2026 година против Ерменија, но ФИФА исто така условно го казни со уште два натпревари, кои ќе зависат од неговото однесување.
Затоа, Кристијано Роналдо сигурно ќе игра на првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година, под услов да не направи уште еден дисциплински прекршок.
Португалската мега-ѕвезда доби директен црвен картон против Ирска во Даблин на 13 ноември, а претходно никогаш не бил исклучен со директен црвен картон во своите 226 натпревари за сениорската репрезентација.

