Играчот од средниот ред на Евертон, Идриса Геј, се извини за исклучувањето на натпреварот од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (1-0). Тој беше исклучен во 13-тата минута поради тоа што се степа со својот соиграч Мајкл Кин, станувајќи првиот играч од Премиер лигата од 2008 година кој е исклучен поради расправија со соиграч.
„Прво сакам да му се извинам на Мајкл Кин. Преземам целосна одговорност за мојата реакција. Исто така, им се извинувам на моите соиграчи, тренерскиот штаб, навивачите и клубот. Она што се случи не го одразува тоа шти сум јас како личност, ниту вредностите што ги сметам за драги. Емоциите може да бидат преполни, но ништо не може да го оправда таквото однесување. Ќе се погрижам ова никогаш повеќе да не се случи“, напиша Геј на Инстаграм.

