Капитенот на Барселона, Роналд Араухо синоќа во Лондон против Челзи го доби својот четврти црвен картон во дресот на Каталонците почнувајќи од март 2023 година.
Во перидот до вчера, само Домингос Дуарте (5) од Хетафе бил исклучен повеќе пати додека играл за еден тим во петте најдобри лиги во Европа.
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, по мечот рече дека ќе разговара со Араухо за исклучувањето.
„Не знам што се случи со првиот жолт картон. Треба да разговарам со него и да го гледам видеото, а што се однесува до вториот, не требаше да се однесува така. Но, вакви работи се случуваат во фудбалот. Не беше вистинскиот момент ниту вистинската ситуација, но така испадна“, рече Флик.

