Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола синоќа го имаше својот 100-ти натпревар во Лигата на шампионите како менаџер на англискиот клуб.
„Граѓаните“ загубија од Баер (Л) на домашен терен (0:2) во 5-тото коло од лигашката фаза, но Пеп успеа да направи уште еден голем јубилеј.
Само Алекс Фергусон (190 со Манчестер Јунајтед ) и Арсен Венгер (177 со Арсенал) имаат повеќе настапи во Лигата на шампионите со некој од англиските тимови.
Пеп има 62 победи, 18 нерешени и 20 порази во ова натпреварување како кормилар на „граѓаните“.

